X
 06.07.2015 Економија

Зошто Исланд има најуспешна економија во Европа?

„Не` предупредуваа дека ќе станеме Куба на северот. Но, сето тоа се покажа како невистина“, вели во интервјуто за европското издание на „Politica“ претседателот на Исланд Олафур Рагнар Гримсон.

 

исланд


Оваа малечка држава на северот на Европа стана позната по својот доста необичен начин на пристап во борбата против кризата. Пред 7 години Исланд беше на работ на банкрот, а денес економијата расте по побрза стапка отколку онаа на Америка или Велика Британија, додека невработеноста изнесува 4.2%, што ги прави двојно поуспешни од европскиот просек.

Сето тоа Исланд го постигна такашто остави банките да пропаднат, а нивните директори ги изведе на суд. Наместо да се применат мерки за штедење, Исланд ги зголеми даноците за богатите да плаќаат повеќе во буџетот, а овие пари ги искористи за поддршка на социјално загрозените слоеви на населението.

Не попушти под притисокот

„Исланд има една од најуспешните европски економии. Не ги следевме традиционалните западни рецепти за решавање на проблемите на финансиската криза. Одбивме да ги трошиме парите на луѓето за да ја надоместиме загубата на приватните банки“, вели Гримсон, но исто така објаснува дека тоа ни малку не беше едноставна политичка одлука.

„Исланд од 2008 до 2011 година беше изложен на неверојатен политички и економски притисок. Од нас бараа да ги следиме ортодоксните доктрини кон кои се придржуваат сите европски влади и финансиски институции, а кои се покажаа сосема погрешни - и економски, и демократски, и политички и правосудно“, вели Гримсон.

Не сака да дели совети

Претседателот на Исланд вели дека на неговата земја меѓународните експерти, политичари и аналитичари гледаа како на лабораториски експеримент. Малкумина верувале дека економијата на Исланд ќе се извлече од црната дупка во која пропадна. „Стигнавме до 2015 година, а имаме конкретни резултати. Лабораторискиот експеримент е завршен“, вели Гримсон.

Иако неговата земја денес може да се пофали со просперитет, Гримсон не е баш расположен за делење на економски совети. Тврди дека и самиот се изнаслушал премногу лоши совети па може само да опише што Исланд правел и зошто, и да остави луѓето сами да извлечат сопствени заклучоци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија