Капацитетот на градинките се зголемува на плус пет дечиња, односно согласно мерките за заштита од ковид-19, може наместо 15 да има 20 деца во група. Ова се последните донесени нови мерки на државата врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата. Но тоа е далеку од доволно за потребите на родителите и на децата.
Борба за слободно место во градинка имало и кога немавме пандемија, па така во некои градинки листите на чекање се поголеми и до десет пати од бројот на нови слободни места.
Фактот што градинките работат со намален капацитет и со помал број деца во воспитните групи, со цел поголема заштита на здравјето на децата, ги принудува надлежните во овие установи да прават приоритети при уписот на нови деца.
Родителите се прашуваат како ќе се прави изборот при запишување на нови деца.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.