Повеќе од половина основци од прво до трето одделение би седнале во училишните клупи на почетокот од учебната година. Повеќе од една третина, пак, наставата би ја следеле онлајн од дома, а мал дел од родителите сè уште не одлучиле како оваа година ќе се образоваат нивните деца. Ова го покажа онлајн-анкетата на Факултети.мк и Деца.мк, во која своите размислувања и одлуки ни ги напишаа 3.255 родители од повеќе општини во земјава, но најмногу од скопските.
Најмногу од оние што одговориле дека ќе дозволат детето да оди во школо се родители на идни првачиња.
Учебната година веројатно ќе доцни, учениците од 1. до 3. одделение ќе може да одат во школо, а останатите новата учебна година ќе ја почнат онлајн.
Родителите кои одлучиле каква настава ќе следат нивните деца се цврсто уверени во својата одлука и најголем дел од нив сметаат дека ништо не може да ги премисли.
На прашањето: „Што би ве премислило“, свое мислење дале 2.297 родители, а најголем дел велат дека ништо не би ги премислило во нивната одлука.
Меѓу одговорите што ги посочиле како евентуална причина за промена на нивната одлука најчесто се употреба на вакцина, влошување или, пак подобрување на состојбата со пандемијата на ниво на државата.
Повеќе резултати од анкетата прочитајте на
Деца.мк.