Урош Петровиќ е познат писател на книги за деца и млади.
Ова се неговите најинспиративни мисли кои може да бидат од голема корист на родителите и оние кои работат со децата - воспитувачите, наставниците и учителите.
1. „Сѐ што правите наместо вашето дете, го правите против него“.
2. „Уважувајте ги и поддржувајте ги наставниците, тие ги отвораат најважните патишта!“.
3. „Претераното заштитување е директно насочено против детето, бомба со одложено или долготраен ефект. Пречките и проблемите ја активираат. Онаму кадешто „не фали ништо“, недостига мотивацијата за развој.
4. „Доколку пристапот кон материјалот не е ни малку интересен, образованието не се случува. Во спротивно не постојат ограничувања колку брзо и успешно детето може да го совлада“.
5. „Детската љубопитност е неограничен извор на обновлива енергија. Дали умееме да ја придобиеме за посакуваните цели и дали знаеме да ја искористиме оваа моќна сила за напредок?“
6. „Откривањето е поважно од самото откритие. Моментот на откривање на вистинскиот одговор не е ни близу толку важен колку патот до него“.
7. „Никој периодот до шест години не го сфаќа како време кога треба да се случува сериозно образование, а тој е најважен. Тогаш детето се образува низ игра“.
8. „Кога ќе се смири играта, се` друго губи боја. Мислам дека оној кој престанува да игра, без разлика дали работи како претседател или шумар, се соочува со голем проблем.
9. „Само еден вид на интелигенција не значи многу. Доста се важни и другите видови на интелигенција, а ги има многу. Што значи една совршено наштимана жица на гитара? Ако останатите се лоши, песната ќе звучи лошо“.
10. „Парадоксално, во времето на експанзија на 3D технологија, авантурите додека растат децата се` повеќе се сведуваат на 2D, на екраните. Ние имавме 3D детство, екраните тогаш не беа важни“.
11. „Нема расчекор без да дадете можност тој да се направи, и нема големи авантури без првиот чекор“.
12. „Најголемата авантура која може да се случи е онаа во мозокот. Дететот кое не чита на рана возраст, во основно училиште нема да има богат речник. Детето кое нема богат речник нема да може извршува интересни и убави професии во животот“.
13. „Она поради кое сум тажен е тоа што децата денес имаат малку игра надвор, па ретко гледаме крваво колено. Детето кое не оди по работ на тротоарот нема да развие центар за рамнотежа, а детето кое е целосно заштитено нема да напредува“.
14. „Возрасните имаат многу повеќе образование и искуство, но имаат многу помалку фантазија и храброст“.
15. „Јас не сум против тоа децата да се запознаат со компјутерите и технологијата, но умереноста е една голема вештина и доблест. половина час до 45 минути - ова е времето кое детето максимум треба да го поминува пред екранот“.
16. „Поминувајте време со вашето дете - не постои попаметен и подобар начин воопшто да го поминете времето. Не постои поважна работа од вашите деца“.
17. „Еден час играње видео игри - тоа е илјада движења помалку. А секое движење помалку што ќе го направи детето е губење на развојот на мозокот“.
18. „Мозокот разбира само еден јазик - она што го сака детето. Детето со својата активност му соопштува што тој да развие“.
19. „Ние како родители едвај чекаме нашите деца што побрзо да проодат и да започнат да зборуваат, а тогаш им велиме - молчи, седи и биди мирен“.
20. „Се` во животот вреди онолку колку што си се помачил до него да дојдеш“.