На претстојниот филмски фестивал во Кан премиерно ќе биде прикажан филмот „Елвис“, биографска приказна за познатиот пејач Елвис Присли и неговата врска со менаџерот, полковникот Том Паркер.
Една од првите личности што го гледале филмот беше поранешната сопруга на Елвис, 76-годишната Присила Присли. Таа викендот на нејзиниот фејсбук-профил објави дека е воодушевена од филмот во режија на Баз Лурман.
Присила напиша дека го гледала филмот заедно со Џери Шилинг, стар пријател на Елвис.
- Оваа приказна е за односот помеѓу Елвис и полковникот Паркер. Станува збор за брилијантно и креативно раскажана вистинита приказна која само Баз, на свој уникатен уметнички начин, можеше да ја сними. Остин Батлер, кој го игра Елвис, е неверојатен - напиша таа.
- Каков лик беше Том Паркер? Покловникот има две страни, Џери и јас ги запознавме и двете. Како што знаете, оваа приказна нема крај. Мислам дека малку подобро ќе го сфатите патувањето на Елвис, опишано од режисерот кој ги вложил своето срце и душа во овој филм - вели Присила.
Извор:
Lola Magazin
Фото: Screenshot/YouTube