X
 26.02.2017 Култура

Нешта што не ги знаеме за филмскиот мегахит „Pretty Woman“


Џулија Робертс и Ричард Гир во филмот „Pretty woman“

Филмскиот мегахит од деведесеттите, „Pretty Woman“, со Џулија Робертс и Ричард Гир, на 23 март ќе го прослави својот 27. роденден. На тој ден во 1990 година, овој филм се појавил во кино салите. Модерната верзија на „Пепелашка“ што зборува за еден бизнисмен кој се вљубува во проститутка, стана еден од најпопуларните филмови од овој жанр на сите времиња кој честопати се репризира на Денот на вљубените.

И дваесет и седум години подоцна, многумина се сеќаваат на некои сцени од филмот, но сепак, постојат и некои занимливости кои не се познати во пошироката јавност.

Телото на Џулија Робертс на плакатот за фимот не е нејзино

Позата на Џулија Робертс на овој плакат всушност е дело на Фотошоп. Заводничката поза ја направила Шели Мишел, дублерката на Џулија во овој филм, а нејзиното лице е подоцна додадено на плакатот.

Првично филмот бил насловен „3.000 долари“ и бил многу помрачен

Насловот бил референца на износот што Едвард ѝ го исплатил на Вивиен за да му биде придружба. Приказната на филмот на почетокот претендирала да биде општествен коментар за работата на проститутките во Лос Анџелес во доцните 1980-ти. „Првата верзија на сценариото беше многу депресивна, тоа беше приказна за двајца ужасни луѓе, а јас дури требаше да бидам зависничка“, така Робертс го опишала оригиналното сценарио.

Улогата на Вивиен првично ѝ била понудена на Моли Рингволд

„Се сеќавам дека филмот требаше да се вика 3.000 долари, но не се сеќавам зошто ја одбив таа улога. Сценариото и не беше толку лошо, но искрено, Џулија Робертс е таа што го носи целиот филм. Тоа беше нејзина улога. Секој актер сонува за таква улога, која како да е напишана за него“, истакнала Рингволд.

Ал Пачино ја одбил улогата на Едвард

После големиот успех во филмот „Кум“, Пачино добивал понуди за многу филмови, меѓу кои и Pretty Woman, Apocalypse и Now Die Hard.

Импровизацијата на Гир со кутијата со ѓерданот

Ричард Гир ја импровизирал сцената каде на Џулија ѝ го покажува ѓерданот кој требала да го носи при излегувањето на вечера. Гир ја затворил кутијата кога Џулија посегнала по накитот иако тоа не било согласно сценариото, но сцената им се допаднала на режисерите, па се одлучиле да ја задржат.

Гир вистински свири на клавир во филмот

Тој е самоук музичар и сам ја компонирал песната што ја изведува во филмот.

Ѓерданот за Вивиен во филмот е изработен по нарачка

Ѓерданот е дизајниран од францускиот златар Фред Жоаље. Изработен е од 18-каратно бело злато, дијаманти и благородни камења. Во филмот, Едвард ѝ вели на Вивиен дека ѓерданот чини 250.000 долари.

Иста реченица е употребена и во филмот „Дневниците на принцезата“

Во текот на сцената каде Џулија е на свечената вечера и кога полжавот ѝ „летнува“ од лажицата преку половина сала, келнерот ја смирува со зборовите: „Вакви работи постојано се случуваат“. Режисерот Гери Маршал го ангажирал истиот актер, Алан Кент, во филмот „Дневниците на принцезата“ каде тој ја повторува истата реченица.

Операта која ја гледаат Едвард и Џулија во филмот е „Травијата“

Многумина најверојатно ја препознаа „Травијата“, но операта каде се говори за париската куртизана која се вљубува во богат човек, неслучајно е избрана како прва опера која ја гледа Вивиен.

Фустанот што го носи Вивиен на опера не требало да биде црвен

Дизајнерката на костимите за филмот, Мерилин Венс, изјавила за Elle дека продуцентите сакале фустанот да биде во црна боја, но таа знаела дека тој мора да биде црвен. На крајот, таа изработила три фустани во различни бои, а Џулија Робертс морала повеќе пати да се слика во секој од нив, додека сите не зклучиле дека црвениот едноставно е најдобар избор.

Гери Маршал морал да ја насмее Џулија Робертс

Додека во хотелската соба ја гледала серијата „I love Lucy“, Џулија Робертс заразно се смее. Но, не заради серијата, туку затоа што Маршал ја скокотка по стапалата.

Џулија Робертс била вонредно нервозна при снимањето на љубовната сцена

Таа толку многу била вознемирена, што ѝ се познавала жилата на челото. Маршал и Гир морале да ја масираат сè додека не исчезнала.

Хенк Азарија зборува за првпат

Ова е првиот филм каде Хенк Азарија, играјќи улога на детектив, за првпат зборува.

Ферари и Порше не сакале нивните автомобили да бидат во филмот

Ни еден од овие брендови не сакале нивните возила да се поврзуваат со проституција. Или, како што би рекла Вивиен во филмот: „Голема грешка! Голема! Огромна!“ На крајот, Лотус ја искористил шансата и продажбата на нивните возила меѓу 1990 и 1991 тројно се зголемила.

На Ричард Гир не му се допаѓа овој филм

Поточно, од сите филмови на кои работел, Pretty Woman најмалку му се допаѓа. Тоа го открил во 2012 во едно интервју. „Луѓето честопати ме прашуваат за овој филм, но јас веќе не се ни сеќавам на него. Тоа беше глупава романтична комедија“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура