X
 13.06.2022 Живот

Погледнете како изгледа кога милијарди светулки осветлуваат резерват за див свет

Фотографот Срирам Мурали, кој истовремено е и софтверски инженер и експерт за загадување на светлината и за светулки, успеал да направи прекрасни фотографии и видеа на кои се гледа како милијарди светулки синхронизирано светат во резерват за диви животни во Индија.

Тој го посетил резерватот за тигри „Анамалај“ во округот Тирупур, Тамил Наду во Индија, заедно со персоналот на шумската служба во април 2022 година за да го набљудува синхронизираното трепкање на светулките.

- Биолуминисцентниот свет Пандора во „Аватар“ можеби е измислен, но феноменот е вистински во резерватот за тигри „Анамалај“. Во лето секоја година илјадници светулки кои синхронизирано трепкаат ноќе го претвораат овој недопрен шумски резерват во зелен килим. Овие инсекти им се спротивставуваат на тигрите и слоновите кои живеат во овој резерват - пишува тимот од резерватот.

Мурали успеал да фотографира милијарда светулки кои ги координираат нивните блесоци.

svetulki
Фото: Sriram Murali

- Откриени се блесоци како излегуваат од едно дрво. Циклусот продолжи цела ноќ. Се чинеше дека секое дрво има различна шема на трепкање. Целата шума блескаше во жолтеникаво-зелена боја - пишува тимот.

Во светот има над 2.000 вида светулки, но само мал број од нив го синхронизираат нивното трепкање. Овие инсекти имаат светлосни органи под нивниот стомак кои го земаат кислородот, а потоа користат специјални клетки за да го комбинираат елементот со соединението што емитува светлина наречено луциферин, за да го произведат нивното светење.

Машките светулки го користат светењето како сигнал за парење и привлекување женки.

- Можно е шумата да има еднаков број женки кои можеби дури и не трепкаат и се без крилја. Поголемиот дел од својот живот го поминуваат како ларви, се хранат со инсекти со меко тело. Возрасните живеат само неколку недели и се хранат со нектар и полен. Толку голема бројка на светулки покажува колку е здрав овој екосистем. Недостигот на вештачка светлина, ноќниот туризам, живеалиштата ѝ помагаат на големата популација на светулки - пишува тимот.

- Потребно е детално истражување и секвенционирање на ДНК за правилно да се идентификува видот. Имаат кафена боја со црни риги, заоблени очи со сложени дезени и се долги помалку од еден сантиметар. Овој феномен е резултат на децениска работа на неколку страсни службеници кои се труделе да го заштитат резерватот. Популацијата на светулките се намалува низ целиот свет и ова исклучително ретко небесно чудо треба да биде заштитено за нашите идни генерации - велат од резерватот.



Извор: Petapixel.com
Фото: Sriram Murali
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот