Во Јапонија почетокот на пролетта е славно обележан со доаѓањето на розовите цветови на црешите. А во лето има еднакво убава појава. Јуни и јули се сезоната на светулките (хотару), кога многу луѓе се собираат во руралните области и шумите за да ги гледаат овие биолуминисцентни светулки.
Јапонскиот фотограф Усададнуки бил сведок на еден ваков волшебен настан, па неговите фотографии ги сподели на интернет.
Во јапонската култура се смета дека светулките се душите на војниците што загинале во војната. Во текот на жешките летни ноќи, илјадници светулки летаат, додека нивните светла ја осветлуваат околината. Но бидејќи светулките живеат во близина на чисти потоци, нивниот број во последниве години е намален, како резултат на загадувањето. Затоа, многу фотографи, вклучувајќи го и Усададануки, се особено заинтересирани да го фотографираат овој волшебен настан.
Фотографирањето на светулките не е лесен подвиг, но Усададануки успеал да ги фати нивните минливи движења користејќи ја техниката на долга експозиција. Направените фотографии изгледаат неверојатно, како што светулките танцуваат низ шумата, реките, храмовите и светилиштата.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Usadadanuki/Instagram