Како одговор на ова прашање, поранешен декан на Стенфорд набројува 8 основни вештини кои би донеле успех во животот - многу од кои се за жал занемарени од родителите.
1. Сите 18 годишници мораат да бидат способни да зборуваат со странци
Ние ги учиме децата да не зборуваат со странци, наместо да ги учиме да ја развиваат вештината да препознаваат некои лоши странци од повеќето добри. Поради тоа, децата не знаат да пристапат кон странците за понатамошна помош или правец кој ќе им треба во животот.
2. Треба да бидат снаодливи
Ние сме со нашите деца постојано каде и да одат, дури во автобус или кога возат велосипед, што прави децата да не го знаат патот за да стигнат од една до друга локација. Тие не знаат како да се снајдат со опциите за транспортација, или како да се префрлат од еден кон друг транспортен план.
3. Треба да бидат способни да ги завршуваат своите домашни, проекти и крајни рокови
Ние ги потсетуваме децата дека треба да ги завршуваат домашните и кога е нивниот краен рок, па дури и некогаш ги завршуваме наместо нив. Децата не знаат на кои задачи да им дадат приоритет или не се запознаени со поминувања на крајните рокови, без редовно потсетување од родителот.
4. Сите 18 годишници треба да бидат способни да придонесуваат за доброто на едно куќно домаќинство
Не им бараме да бидат приврзани околу куќата бидејќи покрај академската работа и задачите од дома, тие ќе останат со многу малку слободно време. Меѓутоа децата не знаат да се грижат за своите потреби, или да ги почитуваат туѓите потреби и проблеми.
5. Треба да ги издржат личните проблеми
Ние се вмешуваме во решавањето на недоразбирањата и ги лечиме чувствата за нив, што прави да не можат да ги поднесат и решат конфликтите без наша интервенција.
6. Треба да ги контролираат успесите и неуспесите
Овде вклучени се студирањата, испитите, натпреварувањата, тешките професори, шефовите и слично. Се вклучуваме кога работите почнуваат да тргнуваат кон лошо, им го одолговлекуваме крајниот рок, што за децата ова нема да им успева секогаш.
7. Треба да бидат способни да заработуваат и штедат пари
Наместо работи со скратено работно време, тие добиваат пари од родителите за било што да им затреба. Со тоа не ја развиваат вештината за одговорност за исполнување работна задача, или ценењето на работите и колку тие вредат.
8. Сите 18 годишници мораат да преземаат ризици
Пружен им е пат низ кој треба да одат, кој е исчистен од сите препреки низ кои можат да поминуваат. Децата треба да разберат дека успехот доаѓа доколку се трудат и паѓаат и повторно се трудат, односно дека „тврдата кожа“ се формира со преживување на лошите работи.
Нашите деца треба да бидат способни да ги прават овие
работи без повик на родителите. Доколку се јават, тие ја немаат вештината за живот.