X
 13.07.2018 Наука

Млади гении пронајдоа изум за спас на планетата



Група ученици од основно училиште смислија начин како да се рециклира стиропорот, на кој му требаат 500 години за разградување по природен пат, а производот што се добива од тој процес може да се користи за пречистување на водите.

Како што објасни еден од учениците, секојдневно сме опкружени со купишта предмети изработени од стиропор кои ни служат за еднократна употреба – чаши, пакети за пакување храна, пакувања на мали кујнски апарати и слично.


Чаша од стиропор - отпад
(Фото: Pixabay)


„Кога ќе купите нов телевизор со рамен екран, со него добивате купишта стиропор кои заземаат повеќе место од самиот телевизор. Каде одат овие предмети што ги користиме за еднократна употреба? Зошто не би ги рециклирале исто како и пластиката?“

Само Американците годишно трошат 25 милиони чаши изработени од стиропор, од кои 25 проценти завршуваат на депониите.

Рециклирањето на стиропорот е многу скап и потенцијално контаминирачки процес, па затоа има и многу мала пазарна побарувачка за него. Сепак, изумот на овие деца би можел да ги промени работите.

„Мојот тим изнесе хипотеза дека би можеле да го користиме јагленот што веќе се наоѓа во стиропорот за да создадеме активен јаглен, кој денес се користи во речиси секој филтер за прочистување на водата“, наведе едно од момчињата.

Активниот јаглен користи многу мали микропори за филтрирање на водата, па дури и воздухот.

„Се обидувавме одново и одново, по секој неуспешен обид. Речиси бевме подготвени да се откажеме, но тогаш се случи тоа. Во вистинско време, со вистински температури и хемикалии, конечно добивме успешни резултати од тестот, кои ни покажаа дека создадовме активен јаглен од фрлениот стиропор.“

Нивниот проект освои многу награди, меѓу кои и признанието од Американската морнарица.

„Успеавме да создадеме активен јаглен за прочистување на водата за да ги намалиме количините отпад што настануваат со фрлањето стиропор. Решивме два глобални проблеми со само едно решение“, истакна едно момче од тимот гении.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука