X
 13.07.2022 Забава

Германската лотарија го бара добитникот што освоил 1 милион евра

Германската лотарија го бара добитникот што освоил еден милион евра во 2019 година и до денес не се јавил за да ја подигне наградата.

Германската лотарија во соопштение откри дека добитното ливче било уплатено во сојузната држава Саксонија-Анхалт. Среќниот добитник мора да се јави до крајот на оваа година, инаку парите ќе се доделат во посебно извлекување на национално ниво, изјавиле од лотаријата.

Ова е првпат во историјата на сојузната држава добитникот на лото да не ја подигне наградата.

Познато е дека среќниот добитник имал ливче кое било добитно во две извлекувања. Тој ја подигнал добивката од 17,3 евра од првото извлекување на 7 декември 2019. Во следното извлекување на 9 декември тој станал милионер, но сè уште не се јавил да ја подигне добивката.

Добитниците на лотарија во Германија најчесто имаат три години за да се јават и да ја земат добивката.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава