X
 13.08.2015 Живот

Животни вештини кои не се учат на училиште

Децата од денешниот училишен систем не се подготвени за  утрешниот свет. Светот од вчера за брзо време станува неважен, а често образовниот систем учи дека светот во кој живееме во суштина останува ист, со мали промени на модата.

Во 90-те ние воопшто не ни замислувавме што ни следува во иднина, никој не знаеше каков ќе биде животот 20 години нанапред. Замислете, во тоа време персоналните компјутери се`уште биле прилично млади, факсовите беа врвна технологија, а интернетот постоеше само во научно фантастичните филмови. Немавме никаква идеја што ни следува.

И се`уште немаме. И никогаш нема да имаме. Никогаш не сме биле добри во предвидување на иднината, па учењето на децата за нешто што и ние не го знаеме и не е баш најдобра идеја.

Тогаш како да ги подготвиме за еден непредвидлив и непозна свет? Со тоа што ќе ги научиме како да се прилагодат, како да се справат со промените, да бидат подготвени за се`.

Затоа, погледнете ги овие основни вештини кои децаата треба да ги научат и со кои ќе бидат подготвени за било каков свет во иднината.

1. Поставување прашања

Она што нашите деца треба да знаат е да учат самите. Самите да се научат на било што. Бидејќи ако бидат способни сами да научат нешто, тогаш нема потреба да ги учиме се` - она што ќе треба да го научат во иднина, ќе го научат сами. Првиот чекор е да ги научите да поставуваат прашања. За среќа, децата ова го прават природно - она што ние треба да го направиме е да ги охрабриме. Одличен начин да се направи тоа е преку моделирање. Кога детето ќе сретне нешто ново, заедно поставувајте прашања и истражувајте возможни одговори. Кога ќе започне самиот да поставува прашања, тогаш наградете го.

2. Решавање проблеми

Ако детето може да реши проблеми, тогаш тоа може да работи било каква работа. Новата работа може да биде застрашувачка за секој од нас, меѓутоа всушност тоа е уште еден проблем кој треба да се реши. Нови вештини, нова работна средина, нова потреба, сето тоа едноставно треба да се реши. Учете го вашето дете да ги решава проблемите преку креирање едноставни проблеми кои треба да се решат, но не им ги решавајте веднаш - оставете го да проба различни возможни решенија и наградете го поради напорите кои ги вложило.

3. Справување со проекти

Работете на проекти со вашето дете, и оставете го него да го прави поголемиот дел од работата. Како што тој ќе добива се` поголема самодоверба, така вие зголемувајте ги задачите и оставајте го да работи сам. Наскоро, неговото учење ќе биде серија на проекти за кои тој ќе биде возбуден.

4. Пронаоѓање на страст

Она што човек го води не се целите, не е дисциплината, ниту надворешната мотивација, ниту пак наградата туку страста. Кога човек е возбуден и не може да престане да размислува за нешто, неизбежно е во него да се посвети целосно и поголемиот дел од времето да го посвети токму во тоа. Помогнете му на вашето дете да ја пронајде својата страст и да открие што го возбудува најмногу.

5. Независност


Децата треба да научат како самите да се згрижат за себе. Нормално, постепено. Полека охрабрувајте ги да прават работи самите. Научете ги како да ги направат, помагајте им, помагајте им помалку и оставете ги да прават грешки. Дајте им самодоверба во самите себеси и оставете ги да доживеат и успех и неуспех. Откако ќе научат да бидат независни, тие нема да имаат потреба од наставник, родител или шеф за да им кажува што треба да прават. Тие ќе можат да прават се` сами и да бидат слободни да одлучат во која насока ќе сакаат да се движат.

6. Сами да бидат среќни


Премногу родители ги држат нивните деца, и ги тераат премногу да се потпираат на нивното присуство за да бидат среќни. Кога детето ќе порасне, тоа нема да знае како да биде среќен, па ќе се обиде да пронајде среќа во купувањето, храната, видео игрите и интернетот. Но, ако детето од рана возраст научи да биде среќно самото, читајќи, играјќи и мечтаејќи, тогаш ќе ја поседува една од најважните вештини.

7. Сочувство


Ова е една од најважните вештини. Потребно е човек да има добар однос со другите, да се грижи и за другите луѓе, а не само за себеси и другите да ги прави среќни. Покажете емпатија, бидете внимателни со вашето дете и кажете му дека е важно да се грижи за тоа што другите чувствуваат и размислуваат.

8. Толеранција

Често пати растеме во изолирана област, кадешто луѓето се слични едни со други, а кога ќе дојдеме во контакт со различни луѓе, тоа искуство за нас често пати е непријатно, шокантно и поттикнува страв. Затоа потребно е да го изложите вашето дете на различни видови на луѓе, од различни раси и различни ментални состојби. Покажете им дека не само што е во ред да се биде различен, туку и разликите го прават животот подобар и поинтересен.

9. Справување со промени

Ова е една од најважните вештини што треба децата да ја научат, со оглед на тоа што светот постојано се менува, па способноста човек да се адаптира на промени, да се справува со промените е одлична конкурентна предност. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот