X
 04.04.2018 Живот

Ова училиште е расадник за директори на големи фирми

Ако сакате вашето дете да стане моќен бизнис-лидер, можеби треба да размислите да го испратите да учи во јавното училиште во Хајдерабад, Индија.


Сатја Надела
Фото: Business Insider

Извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела, откри дека не е единствениот успешен човек што учел во ова средно училиште. Таму учеле и извршните директори на „Адобе“, Шантану Нарајен, и на „Мастеркард“, Аџај Банга.

Според страницата на училиштето, тоа е основано во 1923 година како училиште за децата на аристократите. Минатата година беше рангирано меѓу десетте најдобри училишта во Индија. Се наоѓа во Хајдерабад, град во Јужна Индија, кој стана технолошки центар. Од 1990 година Хајдерабад е домот на канцелариите на „Мајкрософт Индија“. 

Надела играл крикет во училиштето и постојано зборува колку спортот влијаел врз неговата кариера. Исто така, тој во средното училиште ја запознал и својата сопруга.

Клучните вредности на училиштето се силна самодоверба, толеранција и почит кон другите.

- Мотото на училиштето е „Бидете на штрек“. Овие зборови ги поттикнуваат младите ученици да бидат ментално будни, психички подготвени да се справат со предизвиците во животот - пишува на неговата интернет-страница.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот