„Шумата е многу повеќе од она што го гледате“, вели екологот Сузан Симард. Нејзиното 30 годишно истражување на шумите во Канада доведе до неверојатно откритие - дрвјата зборуваат често и на огромни растојанија. Дознајте повеќе за овој хармоничен и комплициран социјален живот на дрвјата и очекувајте да го видите природниот свет од сосема поинаков агол.