X
 13.08.2018 Живот

Аристотел: Среќата им припаѓа на оние кои се задоволни сами од себе

Аристотел (384 пр.н.е., Стагира – 7 март 322 пр.н.е., Халкида) е еден од највлијателните философи и мислители во античката и светската философија.

Во неговите многубројни дела се опфатени речиси сите области од филозофијата. Тој е творец на повеќе науки, како: логика, психологија итн. Напишал многу книги од интерес за логиката, физиката, поезијата, реториката, политиката, зоологијата и биологијата. Позначајни дела му се: „Органон“, „Физика“, „Метафизика“, „Никомахова етика“, „Политика“, „Реторика“, „Поетика“, „Механика“, „Метеорологија“ и други.

Еве дел од неговите познати изреки

Младоста е во состојба брзо да се разочара затоа што брзо и се надева.

Лошите луѓе почитуваат од страв; а добрите од љубов.

Хуморот е ароганција која стекнала образование.

Среќата им припаѓа на оние што се задоволни сами од себе.

Природата не прави ништо без цел или корист.

Го сакам Платон, ама повеќе ја сакам ВИСТИНАТА.

Несреќата ги открива оние што не се вистински пријатели.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот