X
 10.01.2016 Култура

„Колку си попаметен, толку повеќе имаш за учење"

Луѓето имаат малку вистински инстинкти. Речиси сè штто правиме го правиме бидејќи некој нè научил на тоа - од одењето до програмирањето комплицирани компјутерски системи. Филозофите и генијалците расправале за природата на учењето од најраните денови. Овие цитати ги покажуваат различните пристапи кои луѓето ги имаат кон учењето, но сите се показател за моќта на истото.

„Капацитетот за учење е подарок; способноста за учење е вештина; волјата за учење е избор.“ - Брајан Херберт.

„Да се биде игнорантен не е толку срамно како неподготвеноста за учење“ - Бенџамин Франклин.

„Најблагородното задоволство е разбирањето.“ - Леонардо да Винчи.

„Колку си попаметен, толку повеќе имаш за учење.“ - Дон Херолд.

„Кажи ми и ќе заборавам. Научи ме и ќе запомнам. Покажи ми и ќе научам.“ - Бенџамин Франклин.

„Учењето никогаш не го изморува мозокот.“ - Леонардо да Винчи.

„Оној кој учи, но не мисли е загубен! Оној кој мисли, но не учи е во голема опасност.“ - Конфуциј.

„Образованието е она што останува кога ќе се заборави она што се учело на училиште.“ - Алберт Ајнштајн.

„Мудар човек може да научи повеќе од глупаво прашање отколку што глупавиот може да научи од мудар одговор.“ - Брус Ли.

„Секогаш го правам она што не го знам бидејќи може да научам како да го правам.“ - Пабло Пикасо. „Никогаш не учам нешто зборувајќи. Учам само прашувајќи.“ - Лу Холц.

„Не учете како да одите следејќи ги правилата. Учете правејќи го тоа и паѓајќи притоа.“ - Ричард Бренсон.

„Живеј како да ќе умреш утре. Учи како да ќе живееш засекогаш.“ - Ганди.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура