„Доктор Хаус“ е американска телевизиска серија на авторот Дејвид Шор и Пол Атанасиј. Главната улога во оваа фантастична серија од осум сезони ја игра Хју Лори, кој со својата појава создаде лик на ексцентричен доктор, со остар ум и јазик. Ви пренесуваме неколку цитати што ќе ве воодушеват и насмеат.
- Ако не знаеш да лажеш, не знаеш ни да препознаеш кога те лажат.
- Успешните бракови се базираат на лаги.
- Работите се менуваат. Но тоа не значи дека ќе се променат на подобро.
- Сè е грев и сите плаќаме за него.
- Основната вистина на човековото постоење е сите да лажат. Единствена работа што варира е причината поради која се лаже.
- Да се биде нормалeн е досадно.
- Ако разговарате со Бога, вие сте религиозни. Ако Бог разговара со вас, вие сте психотични.
- Работете паметно, а не напорно.
- Она што го мислиш за мене нема да ме промени, но може да го промени она што го мислам за тебе.
- Смртта е ништо, животот е она што е тешко!
- Истовремено ме забавува и ме нервира тоа што мислиш дека треба да бидам помалку тврдоглав од тебе.
- Ако никој не те мрази, очигледно правиш нешто погрешно.
- Не постои тенка линија помеѓу љубовта и омразата. Помеѓу љубовта и омразата всушност е Кинескиот ѕид со вооружени чувари на секои 10 метри.
- Човечкиот мозок престанува да работи кога мисли дека ќе изгуби некој што го сака.
- Ако стапиш брак во дваесеттите, во триесеттите ќе бидеш шокиран од личноста со која живееш.
- Велат дека не може да се живее без љубов. Мислам дека кислородот сепак е понеопходен.
- Очите можат да измамат, насмевката може да лаже, но чевлите секогаш ја кажуваат вистината.
- Кога сакаш да ја знаеш вистината за некој, тој некој е последната личност што треба да ја прашаш.
- Можете да мислите дека не сум во право, но тоа не е причина да престанете да размислувате.
- Реалноста речиси секогаш греши.
- Вистината почнува со лаги. Размисли за тоа.
- Прилично сум сигурен дека нема да ми се допаднеш. Ништо лично, јас никого не сакам.
- Ако умираш, одеднаш сите ќе те сакаат.
- Добро сум, само не сум среќен.
- Не чувствувам ништо и тоа е прекрасно чувство.
Фото: Screenshot/YouTube