Макао наскоро би можел да се закити со титулата најбогато место на светот и да го симне од врвот досега неприкосновениот Катар, покажува новата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
(
Фото: Pixabay)
Поранешната португалска колонија, а сега коцкарско средиште на југот на Кина, до 2020 година ќе оствари БДП повисок од 143.000 долари на жител, а во истиот период Катар ќе оствари малку помала вредност – 139.000, пресметал ММФ споредувајќи го паритетот на куповната моќ, односно количината на стоки и услуги што може да се купат за единица различни валути.
Инаку,
Макао е специјална административна област во Кина, исто како и Хонгконг, а и единствено место во Кина каде што е дозволено коцкање. Оттука, целата економија се сведува токму на луксузни казина.
Во период помал од дваесет години стана вистинска коцкарска мека и трикратно го зголеми својот БДП на жител, кој во 2001 година изнесувал 34.000 долари.
Покрај титулата што ќе ја преземе наскоро, не изненадува ни тоа што Макао го држи првото место на листата со најгусто населени места на светот. Во првите пет најгусто населени места се Хонгконг и Сингапур, кои исто така се наоѓаат во топ-10 најбогати места на светот.
На трето место со најголем БДП на жител со износ од 118.000 долари е Луксембург, европска монархија со одвај половина милион жители. Од европските земји, во првите десет најбогати е и Ирска со 87.000, а следува Норвешка со 78.000 долари на жител.