X
 13.09.2024 Образование

Петте земји што одвојуваат најмногу пари за образование

Според извештајот од 2024 година на Прегледот на светското население, ова се земјите што најмногу инвестираат во своите образовни системи.

Маршалски Острови

Маршалските Острови водат со 13,6 проценти од својот БДП, посветен на образовниот сектор. Лоцирани на Пацификот помеѓу Хаваи и Филипини, демонстрираат значителна посветеност на финансирање на образованието.

Соломонски Острови

Соломонските Острови одвојуваат 12,6 проценти од БДП за образованието.

Боливија

Боливија насочува 9,8 проценти од БДП во образовниот сектор, нагласувајќи ја својата посветеност кон развојот на образованието во централниот дел на Јужна Америка.

Намибија

Намибија одвојува 9,6 проценти од БДП за образованието, што е суштинска посветеност за нација од африканскиот континент.

Сиера Леоне

Оваа нација е втора на листата со африкански земји со највисоки расходи насочени кон образовниот сектор. Двои 9,1 проценти од БДП за образованието.

Извор: indiatoday.in

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование