Силен град уби повеќе од 11.000 птици на 11 август, кога временската непогода ја погоди областа северозападно од Билингс, најголемиот град на американската држава Монтана.
Според соопштението за медиуми на биологот Џастин По, се проценува дека околу четвртина од птиците на езерото се повредени или убиени.
Околу 5 проценти од преживеаните патки и третина од живите пеликани „покажуваат некои знаци на повреда или оштетување на моториката“, пренесе „Вашингтон пост“.
Според метеоролошките служби, градот не е невообичаена временска непогода, но вообичаено се случува во јуни.
Извор: МИА