X
 04.09.2015 Култура

Како ќе изгледа новото национално знаме на Нов Зеланд?


Нов Зеланд веројатно наскоро ќе добие ново државно знаме. Во државната кампања за нов дизајн на националното знаме во моментов има четири предлози кои се финалисти. Овие четири предлози ќе бидат ставени на јавен референдум до крајот на годината.

Панел од експерти ги одбрале овие четири дизајни од 10.300 предлози. Кампањата за промена на знамето започнала изминатата година кога премиерот Џон Кеј побарал остранување на британскиот знак од сегашното знаме, велејќи дека тој ја претставува ерата која одамна завршила.

Јавноста ќе гласа за новото знаме некаде меѓу 20 ноември и 11 декември годинава, а вториот референдум ќе биде одржан во март наредната година, кога јавноста ќе одбира меѓу новиот дизајн и досегашното знаме.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура