X
 13.09.2018 Култура

Пасошот на оваа земја е новиот статусен симбол меѓу богаташите

Најновиот статусен симбол на богаташите низ светот е, верувале или не, пасошот на една земја.

Шармантната медитеранска дестинација која има единствени плажи, убаво време и опуштен начин на живот е една од најбараните меѓу богаташите, кои масовно аплицираат за нејзиниот пасош.

Пасошот на Малта, како дел од ЕУ, ви дава привилегија без виза да патувате во 182 земји.

Освен тоа, Малта не наметнува даноци на приходи, движен имот и недвижности и наплатува само 15 отсто од данокот на парите внесени во земјата.

пасош
Фото: Thinkstock


- Ако имате јахта и два авиона, следно што ви е потребно е пасош од Малта. Тоа е последниот статусен симбол. Имаме клиенти кои едноставно сакаат во својата колекција да имаат пасоши од различни земји - вели Кристијан Калин, директор на компанијата „Хенлеј & партнерс“.

Малта е една од 10. земји во светот што им дозволуваат на странците да купат државјанство, поточно да инвестираат пари и да придонесат за развојот на земјата во замена за државјанство.

Интересно е тоа што пасошот од Малта е поевтин од австрискиот и кипарскиот пасош за речиси милион и пол евра и чини „само“ 1,25 милион евра.

Акцијата „купете пасош“ привлече најмногу Руси, а на Малта ѝ донела над 700 инвеститори и 960 милиони евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура