X
 06.02.2024 Живот

Над 26.000 потомци на жртвите на нацистите добија австриско државјанство

Измената на Законот за австриско државјанство во 2020 година се покажа како револуционерен потег, при што голем број потомци на нацистичките жртви можеа да ја вратат својата врска со земјата.

Според министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, повеќе од 26.000 потомци на нацистичките жртви го вратиле своето австриско државјанство, изразувајќи желба да го поседуваат пасошот на земјата.

Враќањето на австриското државјанство на оваа група луѓе било во голема мера олеснето од австриските амбасади, конзулати и културни форуми низ целиот свет.

- Огромното мнозинство го доби своето државјанство во ваквите институции во светот, често служејќи им како прва точка на контакт со официјална Австрија - истакнале од австриско министерство за европски и меѓународни прашања.

Коментирајќи го бројот на потомци на нацистичките жртви кои го вратиле австриското државјанство, министерот Шаленберг изјавил дека секој човек е збогатување за Австрија.

- Австрија испрати важен сигнал со измената на Законот за државјанство. Но, само преку вас – кои решивте да го обновите австриското државјанство по неколку децении откако беа сурово ограбени идентитетите и животите на вашите семејства, овој симбол беше оживеан - истакнал министерот Шаленберг.

Австрија одбележа три години откако ги олесни правилата за државјанство за потомците на жртвите на нацистичкиот прогон во септември 2023 година. Во обид да ја признае својата одговорност, Австрија одлучи да им дозволи на потомците на нацистичките жртви да добијат државјанство преку поедноставена процедура. Тогаш министерот Шаленберг откри дека од воведувањето на олеснетите правила, голем број луѓе поднеле барање за државјанство. Тој нагласи дека се очекува да се зголеми бројот на апликации и дека тоа е знак за нивната доверба во Австрија.

Министерот смета дека една од главните цели на земјата е оваа група луѓе да се чувствуваат поврзани со Австрија.

Извор: Shengen Visa Info

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот