X
 17.05.2017 Политика

Пасошот од државата која не постои

Интернационалната уметничка егзибиција во Венеција се одржува по 57 пат, а вклучени се 85 национални павилјони, од Албанија до Зимбабве, со различни тематики. Оваа година, соочени со раст на национализмот во светот, многу артисти се занимаваат со универзалните идентитети.

фото извор: BBC

Дел од егзибицијата е и „Neue Slowenische Kunst (NSK)“ – Словенска уметничка инсталација, чија цел е да ги истражува значењата на државите, жителите и мигрантите. Тие се сметаат за „држава“ и тврдат дека уметноста е фанатизам кој бара дипломатија. Па се нарекуваат уште „држава во време“, без нација и територија, бидејќи г отфрлаат принципите на националните граници, а имаат и пасош.

Пасошите во изминатиот век претставуваат основен аспект на нашите идентитети. Слична идеологија на „ NSK “ се појавила и во 1954 година од активистот Гери Дејвис, кога бил издаден пасош од „светската влада на светски граѓани’. Бил поседуван од 10 илјади луѓе, но не бил признаен дипломатски.

Автентичноста е основната компонента на пасошот. Во 2004, „NSK“ биле преплавени со илјадници апликации за пасоши од страна на Нигеријци, кои престојувале во градот Ибадан. Ова предизвикало многу реакции во медиумите, во кои се пишувало дека е сурово да не се даде засолниште на мигрантите, но е уште посурово да се креираат мигранти.

Амбасадор на „NSK“ е познатиот филозоф  писател Славој Жижек, кој вели дека идејата на овој павилјон е да се креира „бездржавна држава“, каде што нема да владее тиранијата и бирократијата. Држава која ќе биде слободна од криминалите на постарите држави. Сепак, нивната идеја наидува на критика, бидејќи и нивниот пасош е всушност „документ од субверзивна природа“, односно ги содржи истите бирократски процеси кои павилјонот ги критикува, како што се личните информации, како на пример крвната група, кои се зачувани во државниот регистар.

Жижек потенцира дека градската демократија во Венеција, секогаш била водена од урбаната елита, дека проблемите со кои се соочуваме денеска – од општествени до миграциски кризи, бараат присуство на наднационални структури како што е ЕУ. Тој истакнува дека денешните анти-имигрантски популисти се оние кои се вистинска закана за просветлувањето на Европа, а посветеноста кон правата на мигрантите треба да зависат само од граѓанските принципи.

Артистите на егзибицијата велат дека очекуваат посетителите да бидат фокусирани и да се уверат дека не се работи за обична егзибиција. Целта не е целосно да се отфрлат нашите наследени идентитети, но да се подигне свеста за проблемите со кои се соочуваме и да се насочиме кон пронаоѓање на решенија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика