X
 09.11.2015 Култура

Новиот британски пасош предизвика лавина критики

Пред неколку дена беше објавен новиот изглед на британскиот пасош кој голем број луѓе го сметаат за контроверзен.

 

вк


Новиот изглед на документот го вклучува водниот печат на Шекспир на секоја страна и вклучува неколку дела на легендарните британски уметници, дизајнери и иноватори како што се Роберт Стивенсон, Ентони Гормли, Аниш Капур, Сер Гилберт Скот, Џон Констабл, Чарлс Бебиџ и Џон Харисон.

Меѓутоа новиот изглед предизвика критики бидејќи на пасошот се наоѓаат само две жени - архитектката Елизабет Скот и математичарката Ада Лавлејс.

Критичарите велат дека дизајнот е премногу насочен кон мажите, а некои политичари и феминистички активисти на социјалните медиуми веќе започнаа со нивниот напад со хаштагот #tellHERstory, за да го искажат своето мислење за новиот изглед на пасошот.

Пратеничката Емили Торнбери искоментира на Твитер за новиот изглед на пасошот, додека Стела Криси ги повика нејзините следбеници до Министерството за внатрешни работи да испратат листа на успешни и креативни жени на Велика Британија, предлагајќи ги Мери Волстонкрафт и Вирџинија Вулф како можни алтернативи.

Како што се зголемуваше контроверзијата, Марк Томпсон, генералниот директор на канцеларијата за пасоши, објаснува за недостатокот на женски икони во рамките на новиот дизајн.

„Не бешее нешто што го направивме намерно. Се обидовме да добиеме голем број на локации, голем број на нешта од нашата земја и да ги прославиме победите и иконите во текот на годините“, вели тој.

Иако многу луѓе не се задоволни со дизајнот на пасошот, од Министерството за внатрешни работи велат дека овој дизајн е најбезбедниот досега издаден.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура