X
 13.09.2018 Живот

Животни лекции што треба да ги научиме од децата

Сѐ уште не се запознаени со правилата и ограничувањата, така што добро би било повеќе внимание да се обрнува на тоа како се однесуваат кон околината. Ова се некои од нивните најважни лекции.

1. Сегашниот момент е единствениот што ни е на располагање


Повеќето работи што сакаат да ги направат, децата ќе ги направат во истиот момент бидејќи не се запознаени со минатото и иднината. Кога нешто прават, целосно се посветени на сегашниот момент за разлика од возрасните, чии мисли често летаат од минатото во иднината.

Грижата околу минатото не го менува минатото. Што било, било. Загриженоста и негативните претпоставки за идните случувања само ја влошуваат ситуацијата. Единствениот момент што го имаме е сегашноста и затоа следете го примерот на децата - престанете да размислувате и уживајте во сегашниот момент.

2. Преку мечтаењето ја креираме реалноста

Децата имаат различна перцепција од возрасните. За нив е сосема нормално да мечтаат за замоци и мориња по кои пловат гусарските бродови.

Возрасните често мислат дека ја поминале оваа фаза бидејќи се уверени дека знаат на кој начин функционира светот. Својата енергија ја трошат размислувајќи за нови обврски, стрес, непријатели, сметки.

Вистината е дека нашата перцепција зависи од уверувањата, емоциите и мислите. Секој од нас има различен поглед кон светот, а сите знаеме дека она на што најмногу обрнуваме внимание според законите на физиката полека станува наша реалност. Затоа, поминувајте повеќе време играјќи со децата ако сакате да го „исчистите“ вашиот ум од грижи и нервози. Играта ќе ви помогне да го ослободите умот и да сфатите дека ништо не е невозможно.

3. Смејте се секој ден


Децата имаат прекрасна способност да најдат нешто што ги забавува, нешто што ги смее без оглед каде се наоѓаат. Следете го нивниот пример бидејќи, како што вели еден познат цитат: - Секогаш пронајдете причина за насмевка.

4. Отфрлете ги очекувањата


Децата не очекуваат ништо. Наместо тоа, тие се радуваат на секое ново искуство на кое му пристапуваат со отворен ум и срце. Дозволуваат животот да ги изненади, дозволуваат околината да ги воодушеви. Интересно им е сѐ што ќе сретнат, додека возрасните ги земаат работите здраво за готово.

Децата сѐ уште не се ограничени со наметнати ставови, така што можат најдобро да нѐ научат како да ги отфрлиме очекувањата од светот, бидејќи само тогаш ќе можеме да уживаме во животот и богатството што нѐ опкружува.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот