X
 25.11.2020 Живот

Насочување на вниманието на јавноста кон проблемите на ромската заедница со видеоклипови од проектот - In4Child

Од мај 2018 до март 2021, во Битола се реализира проектот „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на деца од ранливи категории - In4Child“, кој е финансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите-учеснички, Грција и Република Северна Македонија, а кој се спроведува од граѓанските здруженија Арсис, Унеско Клуб Серес, Лајфстарт Битола и Високата медицинска школа при УКЛО. Во рамките на проектот се одвива психосоцијална поддршка за деца од ранливи популации преку психосоцијална работа на терен, здравствени прегледи и многубројни обуки.

Децата во ромските заедници се исклучително ранлива и загрозена категорија поради немање социјална, образовна, семејна и финансиска структура на живеење. Нивните семејства се ранливи исто така и тоа силно се рефлектира врз децата, кои многу често немаат безбедни услови за живот, не одат на училиште и се принудени на просење и други нелегални активности. Детското питање не треба да биде стимулирано со привидно финансиско помагање на децата, туку треба да биде системски сузбивано, со континуирана помош на ранливите заедници од кои овие деца доаѓаат.

За таа цел, во рамките на проектот, за поголема видливост и поширока актуализација на проблемите со кои се соочува ромската популација и во насока на сензибилизирање на пошироката заедница, изготвени се две видеа со кои се обезбедува дополнителна визуелна поддршка во реализацијата на проектот „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на деца од ранливи категории - In4Child“.



Се очекува специјално креираните видеоклипови уште повеќе да го свртат вниманието на јавноста кон проблемите на ромската заедница во нашето општество и да се насочат кон решенија и добри социјални практики.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот