Дали некогаш сте се запрашале што навистина се случува кога се тетовирате? Неодамна Гав и Дан од „Слоу мо гајс“ одлучија сами да се уверат користејќи макрообјектив и камера со голема брзина.
Кога снимката е забавена, она што се гледа е неверојатно.
Сите знаеме дека машините за тетовирање имаат игли натопени во мастило и сите знаеме дека мастилото во иглата се турка во кожата, но гледањето одблизу и во забавено движење е сосема друго искуство.
Гледано одблиску, иглите изгледаат повеќе како направа за тортура отколку нешто што би сакале да го имате во близина на вашето тело.
Потоа, Гав и Дан зеле балистички гел и почнале да тетовираат во него. Бидејќи супстанцијата е проѕирна, дава одлична визуелна слика за тоа како би можело да изгледа кога се тетовира кожата.
Фото: Screenshot/YouTube