Следејќи го концептот - од студентите за студентите, Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола создаде факултетско промотивно видео, со кое на иновативен и креативен начин ја раскажува вредната приказна за Факултетот, студиските програми, практичните знаења што студентите ги стекнуваат преку хакатони, работни групи со ИТ-компании, проекти со професорите, можностите за мобилност, различните форми на активизам и незаборавниот студентски живот.
Модерниот пристап, во кој студентите се гласот на ФИКТ, претставува автентичен доказ за сè што нуди Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, место, во кое секој нов студент е добредојден, поддржан од професорите и прифатен од колегите.
Продеканката за настава на ФИКТ, проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска иницијатор на идејата, со радост истакнува дека нивните студенти со право го носат епитетот на креативци и иноватори, во согласност со студиите што ги изучуваат и современите пристапи што им се на располагање.
- Благодарност до студентите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола Со насмевка и ентузијазам, на сред лето, на температура над 35 степени, во градот под Пелистер, студентите на ФИКТ-Битола пред камерата зборуваа за својот факултет. Желбата беше единствена и искрена – несебично да го споделат своето искуство и впечатоци за студиските програми на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола, за знаењето што го стекнале и сеуште го стекнуваат, но и за она што не може да се запише во наставна програма: поддршката од професорите, можностите кои им ги нуди овој факултет, моментите во кои растат и се градат како идни професионалци, предизвиците со кои се соочуваат во текот на студирањето, но и за пријателствата. Најубавата промоција за еден Факултет е она што за него ќе го кажат неговите студенти. Студентите не дојдоа затоа што мораа, туку затоа што сакаа и тоа е причината што овој нивен гест го овековечиме на овој начин. Тоа воедно е и обраќање до нашите актуелни и идни студенти:
- До актуелните студенти и оние кои се главната инспирација: Ви благодариме што го одвоивте вашето летно попладне за ФИКТ. Ви благодариме што сакавте да ја споделите вашата приказна со оние кои денес се наоѓаат пред важна одлука – каде да го продолжат своето образование и најмногу од сè, ви благодариме што покажавте дека ФИКТ не е само место каде што се студира туку заедница која заедно ја градиме. Горди сме на вас, вие ѝ давате смисла на нашата благородна работа, вие и вашиот успех во кариерата сте мотив за нас!
- До идните студенти: Бидете дел од нашата заедница, запишете се на ФИКТ и со тоа оформете профил на иднината за себе – станете инженер во најактуелната област за кариера – информатиката, бидете наша гордост и гордост на вашите родители. Не ја пропуштајте можноста – следуваат
втор и трет уписен рок.
Студентите ентузијасти од ФИКТ со вклученоста, активизмот и креативноста за промотивното видео - покажуваат на дело дека, сепак, најдобра реклама е онаа што не ја кажува институцијата за себе, туку ја раскажуваат луѓето што ја живеат.
(Комерцијална објава)