X
 10.11.2018 Образование

Според српските учебници мажот е човек, а жената жена?!

Една мајка од Белград се нашла во непријатна ситуација кога во книга на српски јазик прочитала дека мажот е човек, а жената жена. Дали тоа значи дека жената не е човек? Како оваа ситуација би му се објаснила на детето?

Полот по раѓање е биолошки факт, а родот и полот се изедначени. Дали тоа значи дека одреден јазик е сиромашен кога станува збор за термините или општеството во кое живееме ни наметнало одредени стереотипи и строги дефиниции?

На ова прашање одговор даде д-р Јованка Радиќ, научен советник од Институтот за српски јазик и професор д-р Јелисавета Благојевиќ од Факултетот за медиуми и комуникации.

маж

-Изедначувањето на полот со  родот започна одамна во граматиката, па така зборуваме за природен и граматички род, а уствари мислиме на полот и на родот. На тоа се надоврза феминизмот, движењето за уверувањето дека јазикот нешто уништува во општеството. И тогаш се конструираа општествените родови, и не само во врска со тоа. Детето поставило логично прашање во котнекст на денешното идеолошко мешање во јазикот. Детето мора да е збунето и не е добро тој пример да се даде во ова време и овој контекст. На официјалните веб-страници ќе најдете предлог да се избегнува користење на именката човек во општото значење. Тоа сега е измешано. Од една страна, бараат сè да биде објаснето, феминизацијата да биде конзистентна, никогаш за жена да не се вели доктор ако таа е жена - објаснува д-р Јованка Радиќ.

Од друга страна, професорката Јелисавета тврди дека феминизмот не ја доведе во прашања категоријата човек прв, туку тоа се случувало од почетокот на 20 век.

Категоријата човек е категорија што на почетокот на 20 век, на најразлични начини. Не ја доведоа во прашање само феминистките, дека таа всушност не е неутрална категорија ни во јазикот, ниту воопшто во било кој контекст. Дека под човек се подразбира една привилегирана позиција маж, белец, христијанин, здрав итн. Значи, ова не е само феминистичка приказна, тука феминизмот се потпира на една сериозна теоретска традиција од почетокот на 20 век.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование