Пливањето кај нас е речиси недостапен спорт за децата. Со покачувањето на електричната енергија за индустријата, се покачија и месечните карти и ретко кои родители можат да го издржат финансиското оптоварување и да им овозможат на своите деца да тренираат. Секако, не треба да се исклучува моментот дека на некои деца и здравствено им е потребно пливањето, a родителите не можат да се справат со покачувањето.
Цената за осум пати месечно изнесува 3.100 денари. За поуспешните пливачи, кои тренираат по три пати неделно, е 3.500 денари, а оние што одат секојдневно професионално треба да одвојат по 4.000 денари.
Со високите цени ретко кој се осмелува да го запише детето на пливање, а со тоа се уништува и спортот.
Родителите велат дека не знаат што ги фрустрира повеќе, тоа што цените се качуваа и по двапати годишно во последниве години и веќе се сериозно недостапни за повеќето семејства, негрижата на државата за здравјето на децата или негрижата за пливањето како спорт.
Остатокот од текстот можете да го прочитате на
Деца.мк