X
 24.06.2024 Здравје

Четири причини зошто пливањето е добро за нас

Физичката активност е секогаш важна, но за време на жешките летни денови е тешко да се присилиме да правиме некои тешки вежби или движења, а и не е здраво да се напрегате кога сонцето пече и не можете да дишете.

Научниците од Принстон дошле до заклучок кој најмногу ќе не воодушеви во овие летни времиња, а се работи за одговорот на прашањето која физичка активност најбрзо го подига нивото на хормонот на среќата и ја запира негативноста. Станува збор за - пливањето.

Ова се четирите докази заради кои е навистина така:

Олеснувач на стрес


За време на пливањето, ги истегнувате, стегате и опуштате мускулите додека истовремено дишете ритмички, а тоа има смирувачки ефект врз вас. Покрај тоа, пливањето го стимулира ослободувањето на мозочните хемикалии како серотонин, кои влијаат на вашето расположение и произведуваат хормон кој го намалува стресот. Дури и само кратко пливање може да биде многу ефикасно во ослободувањето од стресот.

Нивото на хормонот на среќата се зголемува

Пливањето е за секого, а го стимулира ослободувањето на мозочниот хемиски ендорфин, кој ја намалува перцепцијата на болката и како нуспојава нè прави среќни и ни дава чувство на природна возбуда, како опуштена еуфорија, возбуда и задоволство - едноставно прекрасно чувство после пливање.

Зајакнување на мозокот

Вежбањето генерално го зголемува протокот на крв во мозокот, но за време на пливањето овој ефект е зајакнат со фактот дека сте потопени во вода. Студијата покажала дека престојот во вода го зголемува протокот на крв во мозокот, а рамномерниот проток на крв носи кислород и хранливи материи во мозокот и ги отстранува јаглеродниот диоксид и токсините од мозокот. Ова е неопходно за оптимално функционирање на мозокот и менталното здравје.

Сина боја


Сината боја на водата има смирувачки ефект, само гледањето во неа може да не направи помирни и посреќни. Така, следниот пат кога ќе почувствувате радост по скокот во морето, можете да покажете благодарност на хемикалиите на вашиот мозок, кои докажуваат колку навистина е корисно пливањето за менталното здравје.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје