X
 13.11.2016 Живот

Порака до сите неженети мажи

„Ако твојот ум е здрав, никогаш нема да ти здосади од „една жена“. Всушност, ќе бидеш импресиониран колку убави верзии од неа можеш да добиеш со текот на годините во бракот.“

Дејл Партриџ е професионален блогер, маркетинг тренер, автор и говорник, а деновиве е популарен на социјалните мрежи и како најдобар сопруг.

Додека многу мажи бираат илјадници изговори за да го оправдаат својот страв од брак, овој херој собра 655.000 допаѓања и многу прегледи на изјавата дека ужива во моногамниот живот со својата сопруга. Иако е познат по своите совети наменети за мажите, неговата последна објава навистина ја трогна пошироката јавност. На својот Фејсбук профил тој пишува:

„Мажите се грижат дека кога ќе влезат во брак остатокот од животот мора да го поминат само со една жена. Тоа едноставно не е вистина. Се заљубив на во 19 годишна алпинистка, се оженив со 20-годишна девојка, љубител на животни, почнав да создавам семејство со 24-годишна мајка, потоа изградив фарма со 25-годишна домаќинка, а денес сум во брак со 27-годишна мудра жена. Ако твојот ум е здрав, никогаш нема да ти здосади од „една жена“. Всушност, ќе бидеш импресиониран колку убави верзии од неа можеш да добиеш со текот на годините во бракот. Не кажувајте „не“ на бракот, кажете „да“ и продолжете да кажувате „да“ до Вашата смрт.“

Од бројните мажи што го делат неговото мислење во коментари еден гласи:

„Не верувам дека еден маж би се грижел за тоа што ќе има само една жена. Само момче би се грижело за тоа. Нема поголем дар од Бог од жена која можеш да ја сакаш и почитуваш. Да усреќиш некого само со своето присуство е нешто највредно.“

Се надеваме дека овој искрен сопруг и неговите поддржувачи ќе успеат да допрат до многу други машки срца.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот