X
 25.09.2017 Живот

На мојата ќерка: „Не извинувај се за тоа што си!“

Тони Хамер е блогерка и мајка на две ќерки, а нејзиното писмо до својата ќерка, полно со совети за градење силна самодоверба и свест за сопствената вредност, овие денови е вистински хит на социјалните мрежи.

На мојата ќерка,


Немој да се извинуваш кога некој ќе налета на тебе.
Не вели „жал ми е затоа што сум досадна“. Ти не си досадна. Ти си личност со свои мисли и чувства кои заслужуваат почит.
Не измислувај причини поради кои не можеш да излезеш со момче со кое не сакаш да излезеш. Ти никому не должиш објаснувања. Едно најобично „не, благодарам“ е сосема доволно.
Не оптоварувај се со тоа како јадеш пред другите. Ако си гладна, јади, и јади што сакаш. Ако сакаш пица, не нарачувај салата само заради другите. Нарачај ја таа проклета пица.
Не пуштај ја косата само затоа што некој друг така сака.
Не носи фустан ако не сакаш.
Не останувај дома затоа што немаш со кого да излезеш. Излези сама со себе. Искуси ги работите сама и заради себе.
Не задржувај ги солзите. Плачењето значи дека имаш чувства кои сакаат да излезат на површина. Тоа не е слабост. Тоа е човечки.
Не насмевнувај се затоа што некој друг го бара тоа.
Не притеснувај се да се смееш на сопствените шеги.
Не вели „да“ само за да бидеш љубезна. Кажи „не“ затоа што за твојот живот се работи.
Не сокривај ги своите мислења. Изговори ги, и тоа гласно. Треба да те чујат.
Не извинувај се за она што си. Биди храбра, одважна и прекрасна. Биди безусловно своја.

Извор: Тони Хамер
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот