Фото: Reuters
Купувачите во продавницата на „Зара“ во Истанбул затекнале необични етикети на облеката - обвиненија од турските работници-произведувачи дека не се платени за робата што е изложена на тоа продажно место.
Работниците-произведувачи кои имаат договор со „Зара“ влегувале во продавницата и ставале етикета на облеката. На етикетите пишувало: „Јас го направив овој предмет што ќе го купиш, но не сум платен за тоа“.
Со тоа, работниците ги повикуваат
купувачите да ја поддржат кампањата и да извршат притисок врз „Зара“.