X
 11.10.2021 Култура

Островот Бурано - свет на шарени куќи и еден чуден закон

Бурано е остров во венециската лагуна, кој, како и Венеција, има канали што го делат на помали делови, така што не е остров, туку архипелаг.

Се наоѓа во близина на Торчело, а островот е познат по ракотворбите од тантела.


Островот има околу 4.000 жители, а стана препознатлив по шарените куќи.

Жителите на оваа населба се законски обврзани редовно да ги бојат фасадите на куќите, а изборот на боја не е произволен. Имено, секој жител мора да ја избере нијансата на боја во согласност со локацијата на неговиот имот во таа населба, а бојата мора да биде компатибилна со другите куќи.


Според многуте легенди пренесени од локалното население, најпозната е онаа што е поврзана со шарените фасади на куќите - се верува дека домаќинствата ги обоиле фасадите на куќите со различни бои, така што морнарите, за време на силни бури и дождови, да можеле да го видат пристаништето во градот.





Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура