X
 23.02.2019 Живот

По повеќе од 110 години на Галапагос е забележана гигантска желка од редок вид

Кога Чарлс Дарвин ги посетил островите Галапагос во 1835 година, открил вулкански архипелаг кој бил дом на 15 различни видови големи желки.

Денес, по убивањето повеќе од 100.000 единки од овие чудни суштества, имаме само околу 10 вида, а многу од нив се загрозени. Еден вид не беше забележан подолго од еден век.

Гигантската фернандинска желка (Chelonoidis phantasticus) последен пат била забележана во 1906 година. Оттогаш не била пронајдена ни една друга желка од овој вид на островот Фернандина и имаше многу прашања за тоа дали и таа е исчезната.

Откако беше класифицирана како критично загрозена и речиси беше прогласена за исчезната, научниците конечно најдоа друга ваква желка. Експедицијата ја забележала желката во зафрлен дел од островот.


Првпат во повеќе од 110 години тимот забележал возрасна женка од овој вид големи желки.

Се смета дека ова прекрасно животно е старо сто години, што значи дека таа е најдобриот играч на криенка. Можеби тоа е и фамилијарна вештина. Истражителите забележале и траги и измет што ги навеле да помислат дека на островот има и други желки од овој вид. Можностите за размножување на желките ги израдуваа експертите, кои велат дека женките можат многу долго време да ја складираат спермата.


За разлика од многу други видови гигантски желки што станале плен, најголемата закана за фернандинската голема желка не е од човечко потекло. Верувале или не, најголемата закана за овој вид всушност е безмилосната средина во која живее. Видот се смета за критично загрозен бидејќи експертите мислат дека овие суштества страдаат од лавата на овој вулкански остров.  

За да ги заштитат суштествата од дополнително повредување, истражителите ја однеле во центар за размножување на гигантски желки на островот Санта Круз.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот