Стен Ли, човекот кој ги создаде највлијателните современи херои на денешницата, како Спајдермен, Ајронмен и Фантастичната четворка, беше уредник и издавач на „Марвел комикс“, а неговите дела го направија реален суперхерој за љубителите на стриповите низ целиот свет. Ова се некои од неговите мудри мисли и зборови.
- Според мене, стриповите се бајки за возрасни.
- Животот никогаш не е целосен без неговите предизвици.
- Со големата моќ доаѓа и голема одговорност.
- Колку повеќе читаш, толку си подобар во раскажување приказни.
- Сите посакуваме да имаме супермоќи. Сите посакуваме да направиме нешто повеќе отколку што можеме.
- Според мене, без оглед дали е филм за суперхерој или романса или комедија или што било, најважното нешто е да ги сакате ликовите. Мора да ги сфатите ликовите и мора да бидете заинтересирани за нив. Ако ликовите се интересни, тогаш сте завршиле добра работа.
- Кога бев дете, обожавав да читам за Шерлок Холмс. Можеби не е суперхерој, но е многу попаметен од кој било друг.
- Никогаш не мислев дека Спајдермен ќе стане светска икона како што денес е. Само се надевав дека книгите ќе се продаваат и дека ќе си ја задржам работата.
- Никој нема совршен живот. Секој сака дел од неговиот живот да не е онаков каков што е.
- Немам потреба да се пензионирам сѐ додека се забавувам.
- Негативната информација, веднаш по добивањето, кај примачот предизвикува да знае помалку отколку што знаел претходно.
- Не постои време кога не работам. Не земам одмори.
- Постои прекрасно чувство во држењето стрип.
- Мислев дека ќе биде одлично ако суперхероите имаа исти животни проблеми како кој било читател - проблеми што секој би ги имал.
- Кога уживате во она што го работите, кога сте заинтересирани за она што го
работите, навистина мислам дека тоа е најдобрата ситуација.