Што ново донесува Емануел Макрон, дали Марин Ле Пен навистина може да го направи одлучувачкиот чекор за екстремната десница и како се усрами француската левица?....
Фото:Alain Jocard
Влегуваме во политичка ера во која се чини дека фразите кои започнуваат со „Ова ќе биде првпат...“ најавуваат реализирања на некои дотогаш незамисливи сценарија. Оваа пролет на претседателските избори во Франција за првпат, Националниот фронт своето учество нема да го доведе во прашање: напротив, колку и да е неверојатна хипотезата дека може да победи, сепак можно е. На гласачките ливчиња ќе се најдат и двајца некогашни министри на претседателот во заминување: Беноа Амон (Социјалистичка партија) и Емануел Макрон (Во движење). За прв пат кандидатите на Социјалистичката партија и конзервативната десница, кои со Франција владеат без прекин уште од основањето на Петтата република, би можеле да бидат елиминирани уште во првиот круг.
Како Ле Пен стана вистинска ѕвезда на европската радикална десница?
Марин Ле Пен стана една од фаворитите за претседателските избори, одбивајќи ја антисемитската реторика која ја користел нејзиниот татко за изградба на неговата партија. Сепак, таа поголемиот дел од нејзиниот живот ја следела идеологијата на радикалната десница.
48 годишната кандидатка го заменила расизмот на нејзиниот татко со ветувањата дека ќе ги заштити „патриотите“ од глобализацијата, но нејзиниот политички идентитет останува поврзан со проблематичното потекло на партијата. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 23 април, а вториот круг на 7 мај. Според анкетите, во вториот круг би требало да влезат Марин Ле Пен и независниот кандидат Емануел Макрон.
Ова се настаните кои ја формирале кариерата на Марин Ле Пен
Бомбашки напад, 2 ноември 1976 година
Ноќта пред изборната победа на Џими Картер на претседателските избори во Америка, 8 годишната Марин била во нејзиниот дом со семејството во Париз кога динамит влетал во зградата. Полицијата изјавила дека тоа било обид за убиство на нејзиниот татко, а сторителите никогаш не биле фатени. Марин поминала без повреди. Таа вели дека ова искуство го означило почетокот на нејзината политичка свест и ги зајакнало односите со нејзиниот татко.
Напуштање, 10 октомври 1984 година
Семејниот живот на Ле Пен бил неконвенционален според стандардите на буржоаска Франција. Родителите живееле одвоено од своите три ќерки и често биле на патување, едрење, на забава или воделе кампања. И тоа било само почеток. Кога Марин имала 16 година, нејзината мајка заминала со својот љубовник и го прекинала контактот. Марин останала со нејзиниот татко, а горчливиот развод на нејзините родители се одвивал преку жолтиот печат. Ле Пен вели дека поради траумата создала посебна врска со сестрите.
Политички повик, 1 јануари 1998 година
Како дете, Ле Пен сакала да биде политичарка, а станала адвокатка. Но, никогаш не излегла од орбитата на нејзиниот татко. Првиот работодавец бил пријател со нејзниот татко, а воглавно работела на одбрана на луѓе од радикалните десничарски движења. Во 1997 година се омажила за активист од Националниот фронт. Следниот јануари, после шест години работење како адвокатка, ја напуштила работата и ѝ се приклучила на партијата.
Во центарот на вниманието, 5 мај 2002 година
После изненадувачкиот успех на нејзиниот татко, Жан-Мари, во првиот круг од претседателските избори во 2002 година, милион луѓе протестирале на улиците. На крај победил Жак Ширак. Ова била ноќта кога француската јавност ја открила Марин, која тогаш имала 33 години. Додека демонстрантите го обележале нејзиниот татко како фашист, Марин на телевизија го бранела. Со прославувањето на Марин бил означен и почетокот на промената на насоката на Националниот фронт кон мејнстрим француска политика.
„Марин сфати дека партијата беше означена како расистичка, а нејзиниот татко и понатаму го негираше Холокаустот. Таа знаеше дека не може тоа да продолжи, па на 5 мај 2002 година, Марин се одлучи за промена“, вели Никола Лебург, истражувач за радикална десничарска политика на Универзитетот во Монпелје.
Политичка унија, 13 мај 2009 година
Флориан Филпот и Марин Ле Пен се запознале преку заеднички пријател. Тој успеал да ѝ помогне на Ле Пен да ја промени сликата за расистичкиот Национален фронт и наместо „национализам“ ја насочил партијата кон „сувереност“.
Заминување на Жан-Мари, 20 август 2015 година
Марин го презела раководството на партијата во 2011 година со благослов на нејзиниот татко и со Флориан покрај неа. Но, имала еден проблем: Жан-Мари. И покрај предупредувањата на неговата ќерка, основачот на Националниот фронт одбивал да го смири јазикот, постојано зборувајќи за гасни комори.
После четири месеци борба за власт, Марин повикала состанок на извршниот комитет со што Жан-Мари бил избркан од партијата која тој ја изградил. „Ова беше најтешкиот момент во мојот живот, после породувањето“, изјави таа за едно телевизиско интервју. „Тој ме принуди да одам до крај“. Двајцата велат дека немаат никаков контакт, иако Жан-Мари и понатаму обезбедува финансиска поддршка за нејзината кампања.
Грешка, 9 април 2017 година
Две недели пред првиот круг, Ле Пен беше во тесно водство на анкетите. Иако нејзината поддршка опаднала, нејзиниот главен предизвик бил да ја прошири поддршката. И тогаш, ја направи грешката. Запрашана во едно интервју, дали Франција треба да престане да се извинува, Ле Пен негирала дека нејзината земја е одговорна за депортација на повеќе од 13.000 Евреи кои од Париз биле испратени во Аушвиц во 1942 година. Нејзините коментари повторно предизвикале дебата за француската воена влада.
„Ле Пен го покажа вистинското лице на
Националниот фронт“, изјави Емануел Макрон, нејзиниот најсериозен ривал. Без разлика дали нејзиниот коментар бил грешка, политиката на нејзиниот татко уште живее. „Таа лично не е расист ниту антисемит, но не може да си помогне. Секогаш се враќа на ДНК на Националниот фронт за да покаже дека таа е антиестаблишмент кандидат“, вели Макрон.