X
 13.11.2019 Технологија

Откриено кога „Инстаграм“ ќе почне да ги крие лајковите

Како што веројатно веќе знаете, „Инстаграм“ веќе долго време ја разгледува идејата за криење на популарниот лајк на објавите. Социјалната мрежа оваа функција почна да ја тестира во Австралија, Канада, Бразил, Италија и во други држави на почетокот од оваа година, а сега ја тестира и во САД. Со овој потег „Инстаграм“ настојува да ја промени социјалната мрежа и да ја направи поприфатлива за помладите корисници.

Шефот на „Инстаграм“, Адам Мосери, неодамна во интервју за веб-страницата „Вајрд“ го најави почетокот на тестирањето за дел од САД во текот на оваа недела.

Сè додека тестирањето е во сила, „Инстаграм“ нема да ги покажува лајковите на корисничките објави. Корисниците ќе можат да ги гледаат корисничките имиња наместо конкретниот број на лајкови, а лајковите ќе мора да ги проверат во посебен дел од апликацијата на кој нема да имаат пристап другите корисници.

- Ова го правиме заради младите. Основната идеја е да се намали притисокот на „Инстаграм“ и да се направи социјалната мрежа помалку конкурентна - да им се даде време на луѓето да се насочат кон поврзување со другите - коментира Мосери.

Додека „Инстаграм“ верува дека овој тест позитивно ќе влијае врз нивната платформа, функцијата стана многу непопуларна меѓу Австралијците и Канаѓаните - особено меѓу инфлуенсерите и маркетинг-рекламите на кои отстранувањето на лајковите буквално им значи неможност за оправдување на заработката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија