X
 08.07.2015 Живот

Работи што секоја мајка треба да ја научи својата ќерка

Воспитувањето и одгледувањето на деца е вистински предизвик, меѓутоа како што многу родители учат, на многу различни начини е покомплицирано ако имате ќерка. За жал, светот кон жените се однесува сосема различно отколку мажите.

 

1


Затоа, треба да ја научите вашата ќерка на следните неколку работи.

1. Секогаш ќе го помниш твоето прво момче, затоа избери мудро.

2. Скрати ја косата повеќе отколку што се осмелуваш. Не грижи се, повторно ќе порасни.

3. Крема за сончање!

4. Пицата е секогаш добра идеја.

5. Како и џогирањето.

6. Биди строга со користењето граматика и спелувањето. Биди поблага со другите.

7. Никогаш не го прескокнувај појадокот.

8. Опкружи се со луѓе попаметни од тебе.

9. Луѓето заслужуваат втора шанса, меѓутоа запомни дека не постои трета или четврта.

10. Ако некој ти каже дека не можеш да направиш нешто бидејќи си девојка, направи го, и направи го подобро.

11. Запознај ги сопствените граници и надмини ги.

12. Освен кога пиеш.

13. Никогаш не ги пуштај нозете повеќе отколку што ти е долга чергата.

14. Особено кога пиеш.

15. Немој да се чувствуваш должна да се објаснуваш себеси и своите постапки.

16. Танцувај кога и да почувствуваш потреба.

17. Твоите проблеми можеби изгледаат огромни сега, но ќе ги пребродиш. Јас ќе се осигурам тоа да биде така.

18. Никогаш не се знае кога треба да ги избришеш солзите, затоа секогаш имај марамчиња со тебе.

19. Кога си во плакарот, не се брзај. Избери мудро.

 

2


20. Треба да знаеш дека секогаш ќе те чекам со раширени раце.

21. Пиј ја водата како да е највкусниот пијалок на светот.

22. Легнувај си порано.

23. Навикни се себеси да стануваш заедно со сонцето.

24. Домашните миленичиња се доживотна посветеност.

25. Научи се да кажеш не.

26. Научи се да го сакаш пешачењето.

27. Твојата тежина не те дефинира тебе како личност.

28. Феминизмот не е лош збор и покрај тоа што другите го велат.

29. Никој не треба да ја заработи твојата почит. Сите ја заслужуваат, без оглед на тоа кои се.

30. Еднаш откако ќе си го погодиш градникот, ќе се прашуваш како си носела толку долго време погрешен.

31. Ти си многу повеќе од твојот изглед, твојот просек и твојата сексуалност.

 

3


32. Избери удобност над стил, секогаш!

33. Насмевката е твојот најдобар додаток.

34. Читај. Многу. Читај ги и оние книги кои мислиш дека нема да ги разбереш, бидејќи еден ден ќе ги разбереш.

35. Ако одлучиш да бидеш читател, започни со класичната литература. Не за џабе се толку долго време тука со нас.

36. Никогаш не престанувај да зборуваш поради некој друг. Секогаш постои место за мислење на повеќе од една личност.

37. Барем еднаш во животот направи ги сите оние клишеа: шетање на плажа под ѕвездите.

38. Постои толку многу лошо во светот, но треба да запомниш дека исто така постои и добро.

39. Освен за доброто, биди подготвена и за лошото.

40. Овошјето е твојот пријател.

41. Кока колата не е.

42. Биди беспрекорна во твоите зборови.

43. Твојата тага, лутина и болка мора да имаат причина, и сите тие мора да бидат во рамките на разумот.

 

4


44. Патувај!

45. И зборувај со локалните луѓе.

46. Пливањето е неопходна вештина, а не изборно хоби.

47. Не се плаши да ја побараш мојата помош.

48. Не дозволувај најубавото време да заврши додека си средно.

49. Изгуби се во град во кој не си била претходно.

50. Но купи мапа за секој случај.

51. Каде и да одиш, секогаш мирисај убаво.

52. Усоврши друг јазик.

53. Запознај некој кој те смее толку многу што те боли стомакот и образите.

 

5


54. Не оставај таа личност да си оди од твојот живот.

55. Немој да бидеш наивна.

56. Знај дека можеш да ми кажеш се`.

57. Вежбај.

58. Секогаш доведувај го во прашање авторитетот. Ако тие не можат да ти го дадат одговорот кој ти треба, тогаш не се вредни за следење.

59. Не ја потценувај моќта на големото ќебе, шолја топло чоколадо и добар филм.

60. Никогаш не пиј доколку возиш.

61. Оценките не се се`, меѓутоа добро е да знаеш дека дипломата ќе ти отвори многу врати.

62. Пред да одговориш на прашањето, добро би било да се потрудиш да го разбереш.

63. Тетоважите се постојани.

64. Научи да уживаш во сопствено друштво.

65. Биди внимателна.

66. Биди страствена.

67. Никогаш не бегај од час по англиски.

68. Или математика.

69. Или хемија.

70. Всушност, не бегај од часови.

 


71. Моите прегратки се бесплатни и достапни 24/7.

 

5


72. Започни да штедиш колку што е можно порано.

73. Исклучи го телефонот/компјутерот/таблетот и помини го денот надвор. Твоите незаборавни искуства се под сонцето.

74. Убавината е релативна.

75. Каде и да одиш, не заборавај од каде доаѓаш.

76. Понуди се да му помогниш на пријател кој се сели.

77. Секогаш земи го она што го заслужуваш.

78. Биди нежен со чувствата на другите луѓе. Секој се бори за сопствената битка.

79. Критиките гледај ги како предизвик.

80. На сите кои те потцениле, докажи им погрешно.

81. Научи ја разликата меѓу учење и проучување.

82. Научи да свириш барем еден музички инструмент.

83. Купи алишта за телото кое го имаш, а не за телото кое мислиш дека ќе го добиеш за два месеци откако ќе бидеш на диета.

84. Миј го лицето два пати: еднаш наутро и еднаш пред да си легнеш.

85. Пушењето ќе те направи многу постара отколку што си.

 

6


86. Не се плаши да носиш црвен кармин.

87. Биди храбра во сопствениот избор.

88. Јас ќе те сакам без разлика на тоа кој ќе избереш ти да сакаш.

89. Него треба да му си приоритет.

90. Можеш да ме наречеш најдобра пријателка, бидејќи засекогаш ќе бидеш моја.

91. Немој да си ги сфаќаш работите премногу сериозно.

92. Удирај како девојка.

93. Трчај како девојка.

94. Бори се како девојка.

95. Со тоа, мислам победувај.

96. Пишувај дневник. Така ќе се сеќаваш на убавите времиња и спомени.

 

6


97. Биди хумана и помагај им на оние на кои им е потребна помош.

98. Единствениот начин да добиеш нешто е да се впуштиш во него.

99. Ставај крема.

100. И запомни, никогаш не си стара за да те наречам мое бебе.  
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот