X
 13.11.2020 Наука

Научниците открија мистериозен ген скриен во коронавирусот САРС-КоВ-2

Истражувачите откриле мистериозен ген во генскиот код на коронавирусот САРС-КоВ-2. Станува збор за дел кој е скриен во геномот на вирусот и затоа не бил откриен досега.

Пронајдениот ген, наречен ОРФ3д, е преклопувачки ген, односно ген што се крие во низа од нуклеотиди во внатрешноста на друг ген. Во поглед на големината на геномот, САРС-КоВ-2 и неговите роднини се едни од најдолгите РНК-вируси што постојат, објаснува биоинформатичарот Чејс Нелсон од Американскиот музеј на природна историја. Затоа, поголеми се шансите во нив да има генски „аномалии“.

Вирусите често имаат преклопувачки гени, па затоа откритието не е шокантно, но во поглед на коронавирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19 тоа може да има значење. Научниците со месеци напорно работат за да разберат што повеќе за вирусот, но многу нешта остануваат нејасни. Како што вели Нелсон, преклопувачките гени може да бидат еден начин на кој коронавирусите еволуирале за да се размножуваат и да го победат имунолошкиот систем на човекот, но и да се пренесуваат од човек на човек.

Сепак, научниците сè уште не ја знаат функцијата на новооткриениот ген. Едно е сигурно - откривањето на ген во вирус со само 15 познати гени е значајно откритие. Научниците треба допрва да откријат колку е значајно.

Автор: Питер Докрил
Извор: livescience.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука