X
 14.05.2020 Живот

Шведска маса за еден среде поле

Во овие денови на социјално дистанцирање едноставното задоволство на јадење во ресторан е нешто што им недостига на многумина.

Но, еден ресторан во Шведска го користи новиот начин на живот како шанса за започнување на едно навистина уникатно искуство.

„Борд Фор Ен“ во малиот град Рансетер поставува една маса, едно столче и готви целосен оброк од три дела за еден гостин, еднаш дневно.

Посетителот седи среде поле, сам со храна, пијалак и убава околина.

Шефот Расмус Персон го подготвува јадењето во кујната, а неговата партнерка Линда Карлсон го праќа до гостинот користејќи јаже и кошница.

Шведска воведе релативно меки мерки за борба против коронавирусот, но на луѓето им се препорачува социјално дистанцирање.

Парот планира ресторанот да работи во текот на летото и се надева дека на гостите ќе им обезбеди неколку часа мир.



- Мислам дека едно од нештата што на многумина најмногу ни недостигаат во овие времиња е патувањето, па поради тоа што не можеме физички да патуваме многу далеку, мислам дека можеме да патуваме барем со мислите. Една од најдобрите методи за внатрешно патување е со храна и природа, барем јас мислам така - вели Расмус.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот