Градот Умео во Шведска ги анализирал податоците за сообраќајот и открил дека има родова поделеност кога станува збор за возењето до работното место.
Жените почесто го користат јавниот превоз, додека мажите почесто одат со автомобил. Затоа, за да ја намали разликата, градот почнал проект наречен „Иновација за еднакво и одржливо патување до работа“.
Проектот треба да истражи како да се поттикнат мажите да патуваат како жените и со тоа да се намали загадувањето на воздухот предизвикано од нивните автомобили. Податоците покажуваат дека доколку мажите патуваат како жените, би се трошеле 20 отсто помалку енергија за користење автомобили.
Според Линда Густафсон, стратег за родова еднаквост во општината Умео, ситуацијата се забележува и на други места во Европа. Во Умео има добри опции за патување со локален транспорт до работните места на кои доминираат жените, но не до индустриските и бизнис-зоните каде што работат повеќе мажи.
Целта на општината Умео е 65 отсто од патувањата до работа да бидат со одржливо средство за превоз до 2025 година.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay