X
 25.07.2024 Живот

Направено во Југославија: По 40 години одлучил да ги замени старите гуми

Кога е време да ги замените старите гуми? Ако го прашате овој сопственик на „фолксваген буба“ од Србија, одговорот е на секои 40 години.

На „Инстаграм“ се појави необично видео на кое се гледа како на старата „буба“ ѝ ги менуваат гумите. Но, не станува збор за обични гуми, со оглед на тоа што на нив пишува „Произведено во Југославија“.

Дополнително внимание привлече и описот на видеото во кое се наведува дека добро сочуваниот автомобил, кој е во возна состојба, пристигнал за промена на гумите по 40 години.

 
Извор: Jutarnji.hr
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот