X
 11.08.2024 Живот

Дали знаете за оваа опција во автомобилот? Притискате копче и чадот и маглата исчезнуваат за миг

Експертка за автомобили, која често им дава корисни совети на возачите во нејзините видеа на „Јутјуб“, овој пат се насочи на замаглените стакла.

Според неа, кога возите на дожд треба да ја вклучите климата, да го притиснете копчето за внатрешна циркулација и да ја прилагодите климата за да дува во правец на стаклото. Таа тврди дека оваа постапка може да ја намали потрошувачката на гориво.

Ова ќе обезбеди стаклото да не се замаглува и нема да мора да застанете за да ја чистите шофершајбната. Многу луѓе во коментарите под објавата напишаа дека видеото е многу информативно

Исто така, таа сподели и други корисни совети за безбедно возење, како што е вклучување на надворешната циркулација за брзо отстранување на чадот ако некој пуши во автомобилот. Исто така, можете да ја вклучите внатрешната циркулација ако сте во сообраќаен метеж за да спречите таложење на издувните гасови во автомобилот.

 

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот