„Гугл“ наскоро ќе почне да ги брише неактивните електронски адреси и поврзани фотографии, почнувајќи од 1 декември.
Неактивност на сметка се дефинира некористење во период од две години. Како активности се сметаат најавување на сметката, читање или испраќање електронска пошта, користење на „Гугл драјв“, гледање видео на „Јутјуб“, споделување фотографии, преземање апликации и прелистување на интернет додека сте најавени со сметката.
Важно е да се посочи дека ова ќе биде применето само на личните адреси, а не на оние поврзани со компании, училишта или организации.
Пред да ги избрише сите податоци на одредена неактивна адреса, „Гугл“ ќе испрати порака до алтернативната електронска адреса на корисникот, доколку постои.
Извор:
Geek
Насловна фотографија: Pixabay