Доколку сакате да го надградите вашето знаење и да го подобрите личниот развој, тогаш дефинитивно треба да ги посетите овие страници.
Masterclass - Одлична страница која нуди топ професионални онлајн тренинзи. Научете пишување од Џејмс Патерсон, готвење од Гордон Рамзи, глумење од Кевин Спејси или тенис од Серена Вилијамс.
Viator - Одлична тура во музеи, историски градови и други интересни дестинации.
Readitfor.me - 15-минутни содржини од книгите достапни во видео, аудио или текст, кои ви пристигнуваат на меил 5 дена во неделата.
Udemy - Глобален пазар за онлајн учење, најмногу преку видео, каде студентите усовршуваат нови вештини и ги постигнуваат нивните цели. Достапни се илјадници курсеви, на кои предаваат одлични експерти вклучувајќи ги „Сет Годин“, „Екхарт Тол“ и други.
Фото: Pixabay
Skillshare - Онлајн заедница за учење каде секој може да открие, земе па дури и да предава на час.
Fiverr - Изнајмете некој да ви дава лекции по шпански, јога, математика, сметководство или друг предмет за помалку од 5 долари. Или можете да изнајмите некој да ви создаде фитнес програма или да ви дизајнира план за исхрана која ќе ви помогне да ги реализирате вашите цели.