X
 13.12.2017 Наука

Луѓето осудуваат врз основа на два критериуми

Осудувањето на луѓето е помалку свесен избор, а повеќе инстинкт. Сите го правиме тоа. Според психолог од „Харвард“, луѓето осудуваат врз основа на два критериума.

Професорката Ејми Кади е експерт за први впечатоци. Таа вели дека веднаш си поставуваме две прашања и си одговараме кога првпат запознаваме некое ново лице:

1. Можам ли да ѝ верувам на оваа личност?
2. Можам ли да ја почитувам оваа личност?

Според професорката, луѓето обично мислат дека натпреварувањето е поважен фактор, особено во работната средина, отколку топлината и почитта. Но, круцијален фактор е во нашиот инстинкт за преживување да знаеме дали некое лице ја заслужува нашата доверба.

Топла, доверлива личност е онаа што предизвикува воодушевување, но само откако ќе се утврди довербата, тогаш личната сила станува подарок, а не закана, вели Кади. Се разбира, присутно е и физичкото осудување. Според најнова студија, луѓето го осудуваат лицето преку анализирање на 4 фацијални знаци: бебешки изглед, блискост, фитнес-состојба и емоционална сличност. Некои од овие фактори не можете да ги промените, но можете да поработите на емоционалната сличност. Со малку топлина во вашиот израз може да оставите впечаток на личност од доверба.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука