X
 15.03.2018 Наука

Научниците откриле како да го забават стареењето?

старост
Фото: Pixabay

Стареењето е неизбежен процес во животот на секој човек. Многу се обидуваат да го запрат или да го забават со различни методи, како на пример креми, лекови и естетски операции.

Но научниците од Универзитетот Бирмингем дошле до откритие дека редовната физичка активност е еден од најдобрите начини за забавување на стареењето.

Во истражувањето учествувале луѓе на возраст од 55 и 79 години, кои воделе активен живот. Резултатите биле споредувани со резултати собрани за време на проучувањето на здравите луѓе помеѓу 57 и 80 години и 20 и 36 години кои не вежбале редовно.

Претходните истражувања тврдеа дека телото слабее поради стареењето без оглед на часовите поминати во теретана, но резултатите од ова истражување покажале дека тоа не е точно. Физичката активност на поединци им овозможила да одржат нормално ниво на холестерол и да развијат добар имунитет. Научникот Нихарика Арора Дугал се надева дека нивното истражување ќе го промени размислувањето на луѓето дека староста е нешто што треба да го трпиме, а не нешто во кое можеме да уживаме.

Сите учесници во истражувањата возеле велосипед. 84 мажи можеле да поминат 100 километри за 6.5 часа, а 41 жена 60 километри за 5.5 часа.

Научниците најмногу ги развеселило откритието за позитивното влијание на вежбањето врз имунитетот. Научниците сметаат дека после 20-та година тимусот (градната жлезда, што ги произведува одбранбените Т-клетки), започнува да се намалува и да произведува помалку клетки, но овие луѓе имале ист број на Т-клетки како помладите испитаници.

Научниците се надеваат дека ова истражување ќе помогне во решавањето на најголемиот проблем на денешницата, а тоа е фактот дека луѓето живеат подолго, но се поболни.

Кога ја исфрлиле физичката активност од својот живот, здравјето на испитаниците се влошило. Авторот на истражувањето Норман Лазарус ги советува луѓето да изберат било каква форма на физичка активност и да ја развиваат навиката за вежбање бидејќи на овој начин ќе можат да уживаат во староста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука